Skip to Content

Кои сме ние?

Бојан Димковски, специјалист Физиотерапевт. 


Бојан е специјалист физиотерапевт во областа на рехабилитација во ортопедија, хирургија и трауматологија.

Во својата работа применува индивидуален и холистички пристап, насочен кон намалување на болката, подобрување на функцијата и долгорочно подобрување на квалитетот на животот на пациентите.

Редовно посетува меѓународни едукации и работилници за да ги следи современите физиотерапевтски методи и стандарди.

Иван Кајевиќ, Физиотерапевт

 Иван е дипломиран физиотерапевт. На тимот на Физио Динамик му се приклучува со силна мотивација, професионална посветеност и континуирана желба за надоградување.

Особено се истакнува во работа со спортисти, комбинирајќи мануелни техники, функционални вежби и превентивни пристапи за безбеден и ефикасен повраток кон спортска активност. Има одлични резултати во примена на мануелна лимфна дренажа и современи терапевтски техники како Dry Needling, Easy Flossing и REA Tape, кои ги комбинира со индивидуално прилагодена кинезитерапија.

Неговиот емпатичен и смирен пристап создава чувство на доверба кај пациентите, што го прави ценет член на тимот на Физио Динамик.

Петар Несторовски, Физиотерапевт


Петар е дипломиран физиотерапевт. Професионално е насочен кон работа со деца со постурални и телесни деформитети, каде преку индивидуално прилагодени вежби придонесува за правилен развој и подобрување на функционалните способности.

Особено се истакнува во областа на решавање на акутни и хронични болки преку терапевтски масажи и физикална терапија. Неговиот смирен и внимателен пристап создава чувство на сигурност и доверба кај пациентите, што го прави ценет член на тимот на Физио Динамик.