Физиотерапевтски преглед
Секој терапевтски процес започнува со детален физикален преглед и клиничка проценка од специјалист физиотерапевт. Прегледот овозможува точна идентификација на проблемот и креирање на индивидуален терапевтски план прилагоден на состојбата на пациентот.
Резервирај термин- Детална клиничка проценка
- Анализа на болка и подвижност
- Проценка на мускулна функција
- Увид на дијагностички извештаи
- Совет и препораки за лекување
Основен физикален пакет
Основен пакет за физикална терапија наменет за намалување на болка, воспаление и мускулна напнатост. Комбинира апаратурни методи како електротерапија и ултразвучна терапија за подобрување на циркулацијата и побрзо заздравување на ткивата. Погоден е за акутни болки во грб, врат, рамо и зглобови и како почетна фаза на рехабилитација.
Резервирај термин- Физикален преглед
- Основни физикални модалитети
- Без персонализирани вежби
- Без терапевтска масажа
Предвидени се 10 сесии во пакетот
Напреден физикален пакет
Напреден пакет за физикална терапија кој комбинира напредни апаратурни методи и терапевтска мануелна масажа за побрзо опоравување и функционално подобрување. Се користи кај хронични болки во грбот, ишијас, спортски повреди и воспалителни состојби. Терапијата е насочена кон намалување на болка и оневозможеност, и враќање на движењето.
Резервирај термин- Физикален преглед
- Основни физикални модалитети
- Напредни физикални модалитети
- Стручна терапевтска масажа
- Без персонализирани вежби
Предвидени се 10 сесии во пакетот
Комплетен физикален пакет
Комплетен физикален протокол за целосна рехабилитација кој вклучува апаратурна терапија, мануелни техники и персонализирани корективни вежби. Наменет за хронични состојби и постоперативна рехабилитација и долготрајни мускулоскелетни повреди.Целта е стабилизација, функционално подобрување и превенција од повторни повреди.
Резервирај термин- Физикален преглед
- Основни физикални модалитети
- Напредни физикални модалитети
- Стручна терапевтска масажа
- Индивидуален план на вежби
Предвидени се 10 сесии во пакетот
Специјализирани терапии
Овие протоколи се користат кај хронични болки, спортски повреди и состојби кои не реагираат доволно на стандардна физикална терапија.
TECAR терапија
Длабинска радиофреквентна терапија која ја стимулира циркулацијата и регенерацијата на ткивата. Се користи кај мускулни повреди, хронични болки и воспалителни состојби за побрзо заздравување и функционално подобрување. Tecar терапијата е ефикасна кај болки во грб, спортски повреди и рехабилитација на зглобови.
Резервирај термин- Длабинска регенерација на ткива
- Намалување на хронична болка
- Побрзо опоравување од повреди
- Подобрување на циркулација
Предвидени се 6 сесии во пакетот
SHOCKWAVE терапија
Shockwave терапијата е напреден третман за тендинитис, калцификати, плантарен фасцит и хронични воспалителни состојби. Терапијата ја стимулира регенерацијата на ткивата и ја намалува болката кај состојби што не реагираат на стандардна физикална терапија. Често се комбинира со мануелна терапија за максимален ефект.
Резервирај термин- Третман на калцификати и тендинитис
- Намалување на долготрајна болка
- Стимулација на природна регенерација
- Спроведена од стручен физиотерапевт
Предвидени се 6 сесии во пакетот
Мануелна терапија - една регија
1.000 ден / сесија
Мануелна терапија - повеќе регии
1.800 ден / сесија
Мануелната терапија претставува клинички третман насочен кон корекција на зглобни и невромускулни дисфункции преку прецизни мобилизациски и манипулативни техники. Терапијата делува на длабоките структури со цел враќање на нормалната биомеханика, намалување на болка и подобрување на функционалното движење. Секој третман се изведува индивидуално според клиничката проценка и специфичната состојба на пациентот.
Резервирај термин- Акупресура
- Медицинска акупунктура
- Киропрактични манипулации
- Флосинг техники
- Малиган мобилизација
Пакети:
5x Мануелни терапии - една регија 4.500 ден
5x Мануелни терапии - повеќе регии 7.600 ден
Медицинска масажа - парцијална
800 ден / сесија
Медицинска масажа - целосна
1.400 ден / сесија
Медицинската масажа е терапевтска техника насочена кон релаксација на мускулатурата и намалување на напнатост и болка. Третманот ја подобрува локалната циркулација, ја намалува мускулната преоптовареност и помага во опоравување од хронични напнатости. Се применува кај болки во грб, врат и мускулен замор како поддршка на рехабилитацијата.
Резервирај термин- Релаксација на напнати мускули
- Намалување на напнатост и болка
- Подобрување на циркулацијата
- Опоравување од мускулен замор
- Поддршка на рехабилитација
Пакети:
5x Медицински масажи - парцијални 3.600 ден
5x Медицински масажи - целосни 6.000 ден
10x Медицински масажи - парцијални 6.800 ден
10x Медицински масажи - целосни 11.200 ден
Спортска масажа - парцијална
900 ден / сесија
Спортска масажа - целосна
1.500 ден / сесија
Спортската масажа е специјализиран третман насочен кон опоравување и заштита на мускулатурата кај активни лица и спортисти. Терапијата ја намалува мускулната напнатост, го подобрува опсегот на движење и го забрзува опоравувањето по физички напор. Се користи како превенција од повреди и како поддршка при тренинг и рехабилитација.
Резервирај термин- Побрзо мускулно опоравување
- Превенција од спортски повреди
- Подобрување на флексибилност
- Намалување на мускулна напнатост
- Подготовка за физички напор
Пакети:
5x Спортски масажи - парцијални 4.000 ден
5x Спортски масажи - целосни 6.400 ден
10x Спортски масажи - парцијални 7.600 ден
10x Спортски масажи - целосни 12.000 ден
Лимфна дренажа - целосна
1.000 ден / сесија
Лимфната дренажа е специјализирана терапевтска техника насочена кон стимулација на лимфниот систем и намалување на задржување на течности во ткивата. Третманот го подобрува лимфниот проток, ја намалува појавата на отоци и ја поддржува циркулацијата. Се применува кај постоперативни состојби, хронични отоци и нарушена лимфна дренажа.
Резервирај термин- Намалување на отоци
- Стимулација на лимфниот систем
- Подобрување на циркулацијата
- Постоперативна поддршка
- Детоксификација на ткивата
Пакети:
5x Лимфни дренажи - целосни 4.500 ден
10x Лимфни дренажи - целосни 8.500 ден
Индивидуална рехабилитација
800 ден / сесија
Индивидуалната рехабилитација претставува специјализиран 1-на-1 терапевтски пристап насочен кон прецизна невромускулна адаптација и функционално подобрување. Терапијата се базира на персонализирани вежби и контролирана прогресија со цел максимална стабилизација и враќање на моторната контрола.
Резервирај термин- Невролошка рехабилитација
- Вестибуларна рехабилитација
- Рехабилитација на баланс и стабилност
- Невромускулна реедукација
- Подобрување на моторна контрола
Пакети:
8x Сесии (2 пати неделно) 6.000 ден
12x Сесии (3 пати неделно) 8.400 ден
Функционална рехабилитација
500 ден / сесија
Функционалната рехабилитација претставува терапевтска програма базирана на контролирани и прогресивни вежби со цел подобрување на стабилноста, координацијата и контролата на движењето. Терапијата ја враќа нормалната функционална способност на телото и ја зајакнува мускулната поддршка на зглобовите за долгорочна стабилност.
Резервирај термин- Ортопедска рехабилитација
- Schroth терапија за деформитети
- Спортска рехабилитација
- Постоперативно опоравување
- Постурална корекција
Пакети:
8x Сесии (2 пати неделно) 3.500 ден
12x Сесии (3 пати неделно) 5.000 ден
Домашна рехабилитација
800 ден / сесија
Доплата за домашна посета:
• до 2 км — +200 денари
• 2–5 км — +400 денари
Физиотерапијата во домашни услови овозможува стручен третман во удобноста на домот за пациенти со ограничена подвижност или специфични рехабилитациски потреби. Терапијата се спроведува индивидуално со ист клинички пристап како во амбулантни услови, со цел континуитет и функционално подобрување.
Резервирај термин- Невролошка рехабилитација во домашни услови
- Постоперативна рехабилитација
- Рехабилитација на неподвижни пациенти
- Континуирана терапија по отпуст од болница
- Индивидуален терапевтски протокол
- Индивидуален час
- 800 ден.
- Пакет од 8 часа. 2 пати неделно 6000 ден.
- Пакет од 12 часа, 3 пати неделно 8400 ден.
- Полу-индивидуален час
- 500 ден.
- Пакет од 8 часа. 2 пати неделно 3500 ден.
- Пакет од 12 часа, 3 пати неделно 5000 ден.
*не пријавување на откажан термин 24 часа до почетокот ќе се смета за одржан. Ви благодариме на разбирањето.